Македонија
17. January 2023 - 9:13

Едно лице загина во пожар во Струмица

 Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во ќуќа на улица „Пиринска“ број 26 во Струмица.

Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.

-Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Во моментот телото на загинатиот се уште не е извлечено, а екипи на ЈО Струмица и полицијата вршат увид на местото на пожарот.