Свет
21. May 2019 - 14:30

Едно лице загина во поплавите во Германија

Јужниот дел на Германија е погоден од големи поплави, предизвикани од обилните врнежи, во кои едно лице го загуби животот.

Баварската полиција соопшти дека 44-годишен возач настрадал синоќа откако ја изгубил контролата над возилото на влажен коловоз и удрил во дрво.

На најмалку три делници во јужна Германија во прекин е железничкиот сообраќај.