Балкан
28. May 2016 - 11:16

Едно лице загина при експлозија во бугарска фабрика за оружје

Еден човек загина во експлозија во фабрика за оружје „Арсенал“ во бугарскиот град Маглиж, соопшти денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.

Експлозијата во најголемата бугарска фабрика за оружје се случи синоќа. Во инцидентот нема повредени

Двајца работници загинаа минатиот месец во експлозија во „Арсенал“, која предизвика пожар.