Македонија
15. August 2021 - 17:00

Едно лице повредено во пукање во Чаир

Утринава во 05.00 часот во СВР Скопје, А.Ѓ.(38) од Скопје пријавил дека додека биле заедно со С.Д.(22) и М.З.(20) во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, на подрачјето на Чаир, кон нив биле испукани проектили од огнено оружје од патничко возило џип „мерцедес“, соопштија од МВР.

Притоа, со повреди се здобил А.Ѓ., кому во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.