Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје
Возач на патничко моторно возило бил тешко повреден во една од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле вчера. Во седум сообраќајки со полесни повреди се здобиле осум лица, а во четири била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 19 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, двајца возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници, како и 13 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.
Санкционирани биле и пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, осум возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден за не носење заштитен шлем, 20 возачи за не носење сигурносен појас, како и 27 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.
Затекнати биле 108 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 71 возило.
Ново на Сител
-
Претрес во валандовско, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Голема полициска акција во Тетово и Охрид - Се вршат претреси
-
Легално се продава најзагрозената пеперутка во Европа, која се наоѓа само во Македонија
-
Финансиска полиција: Внимавајте на фиктивни платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства
-
Не сакам да гледам слики од децата што ги убив, изјави момчето убиец од Рибникар
-
Уапсени петмина малолетници уапсени во Сараево поради лажни пријави за бомби – утрово нови закани
-
„Бизнис Лидер“ ги награди најуспешните македонски компании за 2023 година
-
Уапсен платен убиец во Белград