Едно лице под истрага на ОЈО поради поседување оружје и дрога
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице затоа што постои основано сомнение дека сторило кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Припадниците на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во неговиот дом пронашле и одзеле 448,95 грама марихуана, 389,17 грама хероин, 66,73 грама хашиш и 1,79 грама кокаин во различни пакувања, како и неколку дигитални ваги со остатоци од различна наркотична дрога.
Кај осомничениот е пронајдено и огнено оружје, еден револвер марка „Astra Cadix“ од шпанско производство, како и еден пиштол марка „Ekol Special 99“ со рамка кој бил пренаменет во огнено оружје, како и 199 куршуми од различен калибар.
Поради постоење на опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Ново на Сител
-
Тетовец ја тепал партнерката пред угостителскиот објект во кој работела
-
Тригодишно дете во Грција застрелано во главата
-
Објавен е конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година
-
„Мирно небо Зоки“, македонската естрада се збогува со Зоки Фаци | ФОТО
-
Во тешка сообраќајка во Битола едно лице го загуби животот
-
За 6 месеци над 1.800 казни напишала кумановската полиција, најмногу за возење под дејство на алкохол
-
Застрелан поранешен фудбалер на Хајдук
-
Без струја утре дел од општина Аеродром