Македонија
16. November 2020 - 10:56

Едно лице починато и двајца повредени откако со возило излетале од патот во кратовско

Вчера околу 15.30 часот во с.Железница,кратовско на пат од с.Туралево кон Кратово патничко моторно возило „тико“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(50) од Кратово излетало од патот, соопштуваат од МВР.

Од здобиените повреди на местото на настанот починала сопатничката П.К.(72) од Кратово, а Љ.К. и сопатничката С.К.(48) од Кратово се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.