Македонија
29. November 2020 - 19:48

Едно лице почина, четворица се повредени откако со патничко возило излетале од патот

Едно лице почина, а четири се повредени откако со патничко возило излетале од патот на улица „Маршал Тито“ во Богданци.

– На улица „Маршал Тито“ во Богданци, вчера околу 4 часот патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот, соопшти МВР.

Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.