-->
-->
Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб
-->
Наставничка се бори за живот, а едно дете загина при напад во основното училиште во Загреб, јавува Хрватската радио-телевизија.
Да потсетиме, страотен инцидент се случи во основното училиште во Пречко во Загреб, кога тинејџер (19) со нож нападна наставничка и неколку ученици.
Наводно, напаѓачот со нож влегол во училиштето и влегол во првата училница.
Состојбата во училиштето е драматична, дел од децата се изнесени од училиштето, а дел се уште се во зградата. Студентите и вработените се во шок, многумина во солзи.
На социјалните мрежи се шират непотврдени информации дека деца скокале од прозорци.
На местото на настанот има многу полиција и најмалку шест возила на брза помош..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово