Една третина од Грците плаќаат поткупи во болниците
Секој трет Грк плаќа поткупи кога е во болница, информира денеска главниот инспектор на државната администрација Леандрос Ракинѕис, цитиран од ДПА.
-Една третина од нашите лекари редовно бараат поткупи, една третина би примиле мито доколку им биде понудено такво нешто, а останатите 30 проценти одбиваат поткупи, рече Ракинѕис, кој денеска имаше презентација на истражувањето за корупцијата во болниците, соопшти весникот „Катимерини“.
Големината на поткупите кои пациентите им ги давааат на лекарите варираат од 200 евра за малите оперативни зафати до 5.000 евра за сериозни операции.
Грците ретко се жалат на тоа што се принудени на лекарите да им даваат поткупи и кон властите се обраќаат само при појава на компликации во лекувањето или доколку пациентот почине, пишува „Катимерини“.
Ново на Сител
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина