Една недела се туширал само со ладна вода, му се случиле 3 работи кои не можел да ги замисли
Туширањето со ладна водна обично се смета за тортура, нешто што се практикува само во војска или затвор, сепак ладната вода има многу предност. Постојат докази дека допринесува за губење на тежината, ја подобрува кожата и влијае на менталното здравје.
Едно истражување објавено во списание за Медицински хипотези сугерира дека туширањето со ладна вода може да се користи како третман за депресија. Покрај тоа физиотерапевтите ја користат ладната вода подолго време за болки.
Ова е исповед на Ника Грин, кој за Превентион открил како одлучил да ја промени својата пракса и наместо со топла вода, денот да започне со туширање со ладна вода.
- Најдобрите мисли се под тушот. Кога треба нешто сериозно да сработам или да донесам важна одлука во животот, практикувам долго туширање бидејќи ме опушта и дава инспирација. За да ја споредам предностата на топлата или ладната вода, одлучив една недела да е туширам само со ладна вода. Експериментот подразбира туширање од 2 минути со ладна вода и 30 секунди нормално-пријатно туширање - објаснува Ник.
Станав фокусиран
Првото туширање почнав да број 2 минути во себе, но по 15 секунди се чувствував како да поминала вечност. Имав чувство како да сум фрлен во ладно езеро. Сепак му се случи нешто неверојатно. Почнав да се концентрирам на некои основни човечки способности.
Рамењата ми беа стегнати, се прашував дали треба да бидам во ваква положба? Одлучив да се опуштам. Дишев забрзано, што ме смири. Водата беше ладна но ме смируваше.
Станав мотивиран.
По две минути завршив со туширање и се спремив за нов ден. Разликата ја почувствував веднаш за време на појадокот кога направив листа на обврски што требаше да ги завршам тој ден. Се чувствував одлично и продуктивно.
Почувствував силна волја
Наредниот ден бев спремен за ладен туш, но почувствував поголем страв кога влегував во туш кабината. Не сакав туширање со лада вода, но го сакав чувството кое ми го носи веднаш потоа. Имав успешна недела и се одлучив секое утро да практикувам туширање со ладна вода. Знам дека нема да биде лесно, но мотивиран сум да истраам во тоа.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Прилеп, се вршат претеси на осум локации
-
ДУИ: Тошковски да си поднесе оставка како морален чин
-
До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло
-
Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8
-
По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност
-
Пристап до мобилен интернет 1 732 063 претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна
-
Студентите во блокада официјално поднесоа барање до Собранието во врска со РТС: „Протестот ќе трае додека не го исполните“