Македонија
17. September 2021 - 20:01

Една недела по оставката Филипче се појави во јавностa, тврди дека системот е комплексен и мора да се менаџира

После една недела министерот за здравство се појави во јавноста – не добил одоговор од премиерот дали ќе ја напушти министерската канцеларија а до него не стигнале ниту понудените оставки од директорите на тетовската болница.

-Не бегам од одговорност, тука сум и одговарам на сите прашања. Но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира така да нема никакво дефокусирање на јавноста, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Трагедијата во Тетово времено го стопираше и поставувањето на монтажните амбуланти во Скопје. Иако требаше да бидат готови до крајот на месецот, Филипче ќе ја чека истрагата за евентуално да го подобрат проектот. Побарал од директорите контроли во сите модуларни болници а според него ако во земјата ги немаше овие објекти ќе го имавме италијанското сценарио.

-Ова е модел без кој не само ние, туку и другите земји можеа да ја менаџераат кризата. Нема модел со кој што може да се направат толку многу болнички кревети за кратко време. Имавме обезбедено 700 кревети за 2 месеци и имаше каде да смесутваме пациенти што беше важно. Алтернатива беше италијанско сценарио каде што луѓето беа заглавени во автомобилите за итна помош и пред болниците и не можеа да се сместат, вели Филипче.

Филипче ја најави и новата мерка која ќе стартува за две до три недели со која само вакцинирани со две дози ќе можат да одат на настани, во ресторани и молови.

-По секое воведување на нова мерка интересот расте а потоа полека спласнува. Во многу земји има различни мерки. За задолжителна вакцинација е се уште рано, но не ја исклучувам можноста. Некои земји можеби идната година ќе воведат и таква мерка, но засега граѓаните треба да се свесни и да одговорат на апелите да се вакцинираат, вели Филипче.

Филипче ги повика граѓаните на вакцинација бидејќи бројките покажувале дека најголем број од смртните случаи се невакцинирани.

По пресот на министерот за здравство со реакција се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ кои го повикаа Филипче да не го менаџира здравството бидејќи со неговото работење секој ден има по дестици починати а вакцинацијата задоцнела дури 5 месеци.