Единствена Македонија: Како што го одбранивме името на партијата, ќе го одбраниме и името на државата!
Партијата „Единствена Македонија“ е запишана во регистарот на политички партии под новото име. Од таму велат дека конечно ја добиле битката за името на партијата откако Народно движење за Македонија на седницата на Централниот комитет од 21 јануари годинава донесе одлука партијата да настапува со новиот назив. Меѓутоа, надлежните органи, велат од таму, повеќе од три месеци го одбиваа барањето за упис на новиот назив.
„Притоа се бараше од името на партијата да се избрише зборот „Македонија“. Како и да е, Единствена Македонија функционира со целосен правен капацитет. Воедно, го охрабруваме македонскиот народ, како што го одбранивме името на партијата, ќе го одбраниме и името на државата, бидејќи, новата легална власт на Единствена Македонија има план преку четирите меѓународно правно-признати механизми кои и стојат на располагање на Македонија, да го вратиме името – Република Македонија во Обединетите нации“, велат од таму.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација