Единаесетгодишниот планинар Бошев го искачи врвот Стефани, на планината Олимп во Грција
Единаесетгодишниот планинар Ване Бошев го искачи врвот Стефани, на планината Олимп во Грција, висок 2.911 метри надморска височина. За ова денеска информираше неговиот татко Орданче, кој е, исто така, планинар.
Неговиот татко Орданче, исто така, планинар информираше дека со ова Бошев го заокружил искчаувањето на сите пет врва од планината Олимп.
- Минатата година два пати ги искачи врвовите Скала, Митикас, Сколио и Илијас. За многумина токму Стефани е најтешкиот врв за искачување на Балканот, рече Орданче Бошев.
Тој соопшти дека со ова, неговиот син, кој зема државна стипендија како млад и надежен планинар, ја исполнил програмата за оваа година, искачувајќи 30 планински врвови.
Ване Бошев планинари од неполни три години, има искачено голем број планински врвови во земјава и странство, а има добиено и многу признанија.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите