Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
Ние денеска нема пред кого да протестираме. Имаме техничка Влада, ќе имаме нова влада во текот на следниот месец. Бараме од сите тие што претендираат да бидат носители на таа влада, да дојдат и да ги презентираат нивните програми пред нас, изјави денеска претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) Благоја Ралповски.
Одговорајќи на новинарско прашање дали ќе се придружат на денешниот најавен протест, Ралповски рече дека тие имаат направено стотици протести во државата во изминатите шест-седум години.
-Добро е што конечно им текна дека треба да излегуваат на улиците и да си ги бараат соите права. Но, мислам дека во иднина ако имаме коректни односи меѓу двете синдикални организации дека да, за некој е вистинско право, а не изнудено право дека можеме заедно да излеземе низ улиците и да си ги бараме своите права, нагласи Ралповски.
Тој појасни дека на денешниот протестот организиран од Сојузот на синдикати по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај нема да излезат 11 грански синдикати - Самостојниот сидникат на образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудство на Македонија, Синдикат за транспорт и врски, Синдикатот на станбено - деловни, комунални и водостопански организации на Република Македонија...
Ралповски додаде дека на денешната свечена првомајска академија, што се одржува во просториите на СОНК, биле поканети сите политички партии за да ги презентираат своите економски програми. Поканата ја прифатиле само ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Движење ЗНАМ - За наша Македонија!
Ново на Сител
-
При претреси во Идризово пронајдени 37 телефони и 50 грама марихуана | ФОТО
-
Во Белград студентите во блокада најавија за попладнево протест - Сакаме избори
-
Приведен 23-годишник од Битола, со употреба на сила одзел три чанти од различни минувачи
-
Уапсени малолетници кои со автоматска пушка пукале во куќа во Тетово
-
Приведен 34-годишен дилер од Штип, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и дигитални ваги
-
Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци
-
Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура
-
Швајцарска долина се подготвува за евакуација по уривањето на глечер