Еден возач починал, а повеќе лица се повредени во сообраќајка помеѓу четири возила близу Битола
На 19.12.2023 во 18.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола - Маково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат” со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(41) од с.Долно Агларци, општина Новаци, патничко возило „бмв” со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(29) од Ресен, патничко возило „рено” со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.О.(48) од Битола и товарно возило „даф” со полуприколка со албански национални ознаки, управувано од В.К.(38) од Република Албанија.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот С.Н.(41), а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници во возилото „сеат“ и Д.В.(64) од Ресен, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачите Ј.О., Ј.В. и М.С.Н.(36) од с.Долно Агларци, сопатничка во возилото „сеат“, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари