Еден потешко повреден во осум вчерашни сообраќајки во Скопје
Возач на мопед бил потешко повреден во една од вкупно осум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки полесно биле повредени четири лица, а во три била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци и еден возач за неправилно престројување.
Од сообраќај биле исклучени тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 18 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 100 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 72 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Петар Поп Арсов“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.
Денеска ќе се одржи и посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Ново на Сител
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не се заборава штетата што ја нанесе СДСМ
-
Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го стави Коце Трајановски да располага со 600 милиони евра
-
Подготвен сум да разговарам за предлогот за распуштање на Судскиот совет и на Советот за јавни обвинители, вели Мицкоски
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело