Свет
20. јуни 2016 - 8:22

Еден пациент е убиен, уште две лица повредени - Вооружен напад во болница

Група тешко вооружени лица упаднаа синоќа во болница во Рио де Женеиро со цел да киднапираат дилер на дрога, при што следуваше престрелка со полицијата во која е убиен еден пациент, а медицинската сестра и еден човек од обезбедувањето беа ранети. 

Нападот се случи во болницата „Сауза Агуиар“, една од медицинските установи препорачана за итно лекување на туристите за време на претстојните Олимписки игри. 

Најмалку пет лица упаднаа во болницата за да го киднапираат 28-годишниот дилер на дрога, кој бил лекуван од прострелна рана. 

Околу петнаесетмина криминалци го обиколиле местото за време на нападот.