Балкан
24. March 2016 - 15:05

Еден од виновниците за нападот во Брисел бил два пати депортиран од Турција

Еден од напаѓачите во Брисел Ибрахим Бакрауи, два пати до сега бил депортиран од Турција во текот на изминатата година, во јули и август, изјави денеска претставник на турските власти, јавува БТА. 

Втор висок турски претставник изјави дека првата депортација на Бакрауи во јули, била извршена под сомнение на полицијата дека тој е странски борец, но не извршил никакво злосторство во Турција.

ТАСС информира дека Ибрахим Баркауи бил осуден во 2010 година во Белгија за вооружен криминал и отпор при апсење.

Според локалните медиуми, Баркауи пукал кон полицајци со Калашников, за што бил осуден на девет години затвор.

Сепак тој бил ослободен предвреме во 2014 година поради добро однесување, по што заминал за Сирија, за да се бори на страна на џихадистите.