Балкан
7. March 2023 - 12:05

Еден од обвинетите за убиството на Ѓинѓиќ по 20 години излегува од затвор

Душан Крсмановиќ, поранешен член на Земунскиот клан, кој е еден од обвинетите за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, е пуштен од затвор.

Уапсен е во акцијата „Сабја“, со првостепената пресуда е осуден на 30 години затвор, но со одлука на Апелацискиот суд казната му е намалена на 20 години.

Во 2008 година, Крсмановиќ се изјасни за виновен во жалба во која бараше помала казна.

Пред него беа ослободени поранешните припадници на Единицата за специјални операции Саша Пејаковиќ и Жељко Тојага.