-->
-->
Еден-два стартни места за Мерцедес на германското Гранд при
-->
Тимот на Мерцедес ќе ги има првите две стартни места на утрешната 12-тата трка во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Германија.
Во денешните квалификации возачите на Мерцедес остварија најдобри времиња, а од пол-позицијата трката на патеката во Хокенхајм ќе ја започне домашниот фаворит Нико Розберг, пред клупскиот колега Луис Ханилтон.
Зад нив во вториот стартен ред ќе бидат возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен, додека од третиот ред германското Гранд при ќе го почнат пилотите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.
Во генералниот пласман водечки е Хамилтон кој има 192 бодови, шест повеќе од Нико Розбер. По нив следуваат: Даниел Рикардо (Ред Бул) 115, Кими Раиконен (Ферари) 114, Себастијан Фетел 110 (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул) 100 ...
Следната 13-та трка ќе се вози во на патеката Спа-Франкошамп за Големата награда на Белгија на 28 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд