Ф1
30. July 2016 - 16:52

Еден-два стартни места за Мерцедес на германското Гранд при

Тимот на Мерцедес ќе ги има првите две стартни места на утрешната 12-тата трка во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Германија.
 
Во денешните квалификации возачите на Мерцедес остварија најдобри времиња, а од пол-позицијата трката на патеката во Хокенхајм ќе ја започне домашниот фаворит Нико Розберг, пред клупскиот колега Луис Ханилтон. 
 
Зад нив во вториот стартен ред ќе бидат возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен, додека од третиот ред германското Гранд при ќе го почнат пилотите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел. 
 
 
Во генералниот пласман водечки е Хамилтон кој има 192 бодови,  шест повеќе од Нико Розбер. По нив следуваат: Даниел Рикардо (Ред Бул) 115, Кими Раиконен (Ферари) 114, Себастијан Фетел 110 (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул) 100 ... 
 
Следната 13-та трка ќе се вози во на патеката Спа-Франкошамп за Големата награда на Белгија на 28 август.