Loading Video...
Ф1
12. July 2020 - 16:48

Еден-два победа на Мерцедес: Хамилтон пред Ботас

 
 
Тимот на Мерцедес ги освои првите две места на денешната трка, што се одржа во Шпилберг, Австрија. 
 
Светскиот првак Луис Хамилтон прв ја мина целната рамнина на патеката „Ред Бул Ринг“ оставајќи го зад себе клупскиот колега Валтери Ботас кој минатата недела беше најбрз на истата патека. 
 
За место на пиедесталот се избори и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, додека неговиот тимски колега Албон заврши на четвртата позиција. 
 
Ново големо разочарување на фановите на Ферари им приредија Чарлс Леклер и Себастијан Фетел кои уште во првиот круг имаа меѓусебен контакт, по што и двајцата предвреме ја завршија трката. 
 
Веќе следниот викенд на програмата е третата трка сезонава и тоа унгарското Гранд-при.