Фудбал
10. јуни 2021 - 19:02

Ечи „Ќе пијам ќе лумпувам“ во хотелот на македонските репрезентативци | ВИДЕО

Со оглед на тоа што се споделува на социјалните мрежи, очигледно дека македонската фудбалска репрезентација има добар помин во Букурешт.

Атмосферата пред мечот со Австрија е на мошне високо ниво, а офанзивецот Елиф Елмас е главен ди-џеј кај националниот тим.

Со огромен звучник во рацете, тој ги развеселува своите соиграчи во хотелот каде што се сместени, а се вртат песни – од странски, до најголемите хитови на Гоце Арнаудов.