ЕЦДЦ: Хрватска има најмногу активни случаи со коронавирус на 100 илјади жители во Европа
Хрватска има најголем број активни случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните две недели меѓу европските земји, покажуваат податоците кои денеска ги објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
Хрватска се проби на неславното прво место меѓу 31 европска земја со 1194,3 активни случаи на коронавирус на 100 000 жители во претходните 14 дена, пренесува агенцијата Хина.
Сo повеќе од 1.000 случаи, следат Литванија (1.146,7) и Луксембург (1.079,7) со .
Според бројот на смртни случаи, Хрватска е на четвртото место со стапка од 21,7.
Само Бугарија, Словенија и Унгарија имаат повеќе смртни случаи на 100.000 жители во изминатите 14 дена, покажуваат податоците на EЦДЦ.
Според Европскиот центар, досега се потврдени 14.824,355 случаи на коронавирус во 31 европска земја, а починале 369.840 лица.
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 4.135 нови случаи на коронавирус, а 78 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна
-
ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд
-
Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија
-
Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија
-
Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје