ЕБОР го продаде уделот од 5,245 проценти во Комерцијална банка
ЕБОР ги продаде своите 5,245 проценти акционерски влог во Комерцијална банка АД Скопје, најголемата банка во Македонија, како дел од вообичаеното менаџирање на портфолиото. Акциите, како што стои во соопштението, се продадени преку Македонската берза за хартии од вредност.
- ЕБОР инвестираше во Комерцијална банка АД Скопје во 1996 година. Како акционер, ЕБОР имаше значајно влијание врз растот и развојот на Комерцијална банка, во изминативе 20 години. ЕБОР помогна во зајакнување на политиките на кредитирање на Комерцијална банка и подобрување на корпоративното управување. Исто така помогна и во зголемување на интересот на инвеститорите за банката, појаснуваат од ЕБОР.
Главниот извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје, Хари Костов истакнува дека покрај вообичаената пракса на ЕБОР да биде акционер во одредена банка во период од околу пет години, ЕБОР беше акционер во Комерцијална банка АД Скопје повеќе од 20 години, значајно придонесувајќи во растот и развојот на банката во изминатиот период.
ЕБОР ќе ја продолжи соработката со Комерцијална банка АД Скопје, која, како што наведуваат, е еден од најактивните корисници на Програмата за олеснување на трговијата на ЕБОР и партнер во програмата за споделување на ризиците за финансирање на проектите на општините.
ЕБОР е најголемиот институционален инвеститор во Македонија. До денес има инвестирано над 1,6 милијарди евра во над 100 проекти во земјата.
Ново на Сител
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа