Балкан
5. May 2017 - 12:27

Е-кол: Автомобилите автоматски ќе повикуваат Брза помош во Бугарија

До крајот на годината при сообраќајки во Бугарија автомобилите автоматски сами ќе „се јавуваат“ на Брза помош, објави „Телеграф".

Порачката за избор на фирма што ќе биде задолжена за системот „е-кол“, ја објави бугарското Министерство за внатрешни работи. Проектот чини 887.218 лева.

Со внесувањето на овој новитет, секое возило во Бугарија ќе мора да има таков уред.

Уредот ќе пренесува информации за точното место на несреќата, бојата и моделот на возилото, како и идентитетот на сопственикот.