ДЗС со нови истражувања - за земјоделството, трговијата и туризмот
Структурно истражување на земјоделските стопанства, Попис на капацитетите во трговијата и угостителството, Анкета за странски туристи во сместувачките објекти и Анкета за странски посетители - анкета на гранични премини, се најновите статистички истражувања што се спроведоа во 2016 година.
Резултатите од овие анализи, како што информира Државниот завод за статистика, ќе бидат објавени во првата половина од 2017-та.
- На 30 јануари ќе излезат податоците за земјоделските стопанства, на 14 февруари оние за капацитетите во трговијата и угостителството, а во април ќе ги соопштиме резултатите од анкетите во туризмот, вели заменик-директорот на ДЗС Дејан Станков.
Приоритети на ДЗС остануваат осовременување и поедноставување на прибирањето на податоците, како и поголемо користење на административни извори.
Годишната статистика покажува дека веб страницата на ДЗС дневно има по 800 посети (во текот на работната недела), а вкупниот број на прегледи по страници е 1,1 милион.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата