-->
-->
Џорџ Лукас отвора Музеј на наративната уметност во Лос Анџелес
-->
Творецот на филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас соопшти дека решил да изгради Музеј на наративна уметност во Лос Анџелес, чија градба би чинела околу милијарда долари.
Во музејот ќе бидат изложени уметнички дела во сопственост на Лукас, вклучително и цртежи, илустрации и дигитални творби поврзани со серијалот филмови „Војна на свездите“, а ќе биде презентирана и историјата и еволуцијата на визуелните филмски ефекти.
Првично, Лукас планираше овој музеј да го отвори во Чикаго, но се откажа од оваа идеја поради законски проблеми околу земјиштето на кое требаше да биде изградена градбата.
Локацијата на која ќе биде граден музејот се наоѓа во близина на Универзитетот на Јужна Калифорнија, каде Лукас студирал филамска уметност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш