Џет-Сет
30. October 2015 - 10:41

Џорџ и Амал Клуни згрижија куче од засолниште

Американскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал во средата згрижиле куче од едно засолниште за напуштени животни во Калифорнија.

- Четиригодишната женка Мили доби нов дом, објави засолништето Ес-Џи-Ви-Џи-Ес на својор птофил на Фејсбук, публикувајќи и фотографија на двојката со новиот миленик.

Мили е куче од сората басет, со долги уши и препознатлив „тажен поглед“.

Според вработените во засолништето на Мили „им паднала во око“ на Џорџ и Амал, веднаш штом ја виделе.

Мили била земена во домот на Клуни на „пробен период“, со цел да видат дали „ќе се согласува“ со 10-годишниот кокер шпаниел Луеџ, кого двојката во март го зема од една засолништето за кучиња скитници во Њујорк. Но, „пробниот период“ тарел само час и половина, бидејќи на Џорџ и Амал  им било доволно само толку време за да утврдат дека кучињата си играат и дека ќе можат да живеат заедно.

Мили била пронајдена на почетокот на овој месец во Сан Габриел, во близина на ресторан каде кружела надевајќи се на отпадоци од храна.

Преблаго е да се рече дека на Мили „и падна секирата во мед“ .

- Им честитаме на семејството Клуни и и им благодариме за згрижувањето, напиша засолништето на својата страна на Фејсбук.