Свет
1. September 2016 - 17:25

Џонсон: Велика Британија ќе остане посветена европска сила

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска изјави дека неговата земја ќе остане „посветена европска сила“ дури и кога ќе ја напушти Европската унија.

Џонсон на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на Организацијата за безебедност и соработка во Европа во Потсдам истакна дека Брегзит нема „да ја отсече Велика Британија од континентот“.

- Обединетото Кралство не ја напушта Европа. Пошироко гледано, ние сме европска земја, посветена европска сила, посочи Џонсон.