Џонсон: Ранливите категории луѓе редовно ќе примаат вакцина против коронавирусот
Британците треба да ја сметаат вакцинацијата против Ковид-19 како вакцина против грип што редовно ќе ја примаат поранливите луѓе, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
– Треба да се подготвиме за свет во кој наесен ќе имаме подобри вакцини против новите мутации, нагласи Џонсон на брифинг.
– Треба да почнеме да размислуваме за тоа како за вакцина против грип, нешто што секоја година ќе го добиваат постари или ранливи луѓе, истакна Џонсон.
Тој додаде дека е убеден оти вакцините ќе бидат подобри и подобри и ќе дејствуваат врз сите мутации на коронавирусот.
И извршниот директор на американската компанија „Џонсон и Џонсон“, Алек Горски денеска изјави дека во следните неколку години луѓето најверојатно ќе треба еднаш годишно да се вакцинираат против Ковид-19, како вакцината против сезонскиот грип.
Тој додаде дека како што се шири Ковид-19, така може да мутира.
– Секој пат кога ќе мутира вирусот, можеме да видиме нов вид, уште една мутација што може да влијае врз неговата способност да се одбрани од антителата или да има поинаква реакција не само на терапијата туку и на вакцината, посочи Горски.
Ново на Сител
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи