-->
-->
Џонсон: Клучно е да се финализира Договорот од Преспа за да одите напред
-->
Од клучно значење е да се финализира договорот за да одите напред, вели американскиот сенатор Рос Џонсон, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Џонсон вели дека Договорот од Преспа е разумен и потребен и за двете страни и потенцира дека навистина „ја цени политичката храброст од двете страни“.
- Мислам дека секако ќе помогне за стабилноста на регионот. Разбирам дека станува збор за чувствително прашање. Луѓето се горди на нивното наследство, на името и од двете страни. Мислам дека е многу разумен договор. Мислам дека беше потребна политичка храброст и од политичките лидери на двете земји, вели сенаторот Џонсон, кој изминатиот викенд беше на Меѓународниот саем во Солун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр