Џони Деп платил 7.000 долари за кауч од шоуто на сестрите Кардашијан
Компанијата „Менаџмент Груп“ (ТМГ), кој до неодамна се грижеше за финансиите на Џони Деп, го обвини актерот дела води расипнички живот и дека троши по два милиони долари месечно за задоволување на своите каприци, наведувајќи како пример дека платил 7.000 долари за купување на кауч што бил користен во реалното шоу на сестрите Кардашијан.
Се започна кога, Деп поднесе тужба против ТМГ со барање за исплата на отштета од 25 милони долари поради „измама и негрижа“.
ТМГ на ова одговори со противтужба, тврдејќи дека актерот трошел расипнички многу пари на куќи, авиони и уметнички дела и покрај предупредувањата на нејзините агенти за преголемите бизарни трошоци.
Според ТМГ, меѓу другото, Деп има 14 куќи, 70 гитари, 45 лукзуни автомобили, јахта вредна 18 милиони долари, приватен авион и огромини количества скапи вина.
ТМГ тврди дека актерот потрошил 75 милиони долари за купување, реновирање и опремување на своите 14 недвижности, меѓу кои се и куќи на Бахамите, во јужна Франција и Холувуд, фарма за коњи во Кентаки и неколку станови во Лос Анџелес.
Само летовите со приватниот авион чинат по 200.000 долари месечно, а во текот на еден месец троши и по 30.000 долари за вина од целиот свет.
Според ТМГ, Деп протошил „милиони“ на разни холивудски свенири, како облека на Мерилин Монро и Марлон Брандо, а поседува и околу 200 уметнички дела од слави автори. За чување на сите овие предмети Деп има изнајмено 12 складишта за кои плаќа 500.000 доари наемнина месечно.
Актерот на своите имоти има вкупно 40 постојано вработени лица, кои месечно го чинат по 300.000 долари.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок