Џон Кери во посета на Албанија
Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ќе престојува во неколкучасовна посета на Албанија,
Шефот на американската дипломатија на аеродромот во Тирана претпладнево каде ќе го пречека албанскиот претседател Бујар Нишани.
По разговорите со Нишани, Кери прво ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, а потоа со премиерот Еди Рама. По средбата, Рама и Кери ќе дадат изјави, но на новинарите нема да има биде дозволено да поставуваат прашања.
Кери ќе се сретне и со лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, а неколкучасовниот престој во Тирана ќе го заокружи со средба со група млади луѓе, од каде ќе упати порака за иднината и предизвиците на Албанија.
Како што објави приштинскиот весник „Експрес“, повикувајќи се на извори во Владата на Косово, за време на престој во Тирана, Кери ќе се сретне и со косовскиот вице-премиер и министер за надворешни работи Хашим Тачи, објави
Според истите извори, тема на средбата ќе биде политичката криза во Косово, како и можниот избор на Тачи за нов косовски претседател.
Инаку, за безбедоста на Кери за време на престојот во Тирана ќе се грижат над 1.500 полицајци, а во рамките на планраните мерки за безбедност се вклучени и припадници на албанската армија, тајната служба ШИШ и на американските безбедносни агенции.
Ново на Сител
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија