Џоломарите од Ресава бркаа лоши духови на карневал во Бугарија
Џоломарите од кавадаречкото село Ресава денеска учествуваа на карневал во градот Раковски, во Бугарија. Александар Зоков, член на карневалската група, информираше за МИА дека со традиционалните џоломарски маски, ги избркале лошите духови и направиле место за добрите нешта.
- На денешниот настап, публиката беше воодушевена од тоа како се претставивме пред неа. Со години наназад, со ќулавки, долги бради, исцрнети лица, стапови и клопотарци, правејќи врева, го бркаме злото наоколу. На многумина им се допаднаа нашите маски, веќе имаме покани и за учество на други карневали. Во најдобро светло ги претставуваме Кавадарци, Тиквешијата и Македонија, дециден беше Зоков.
Тој додаде дека со негувањето на традицијата, им се оддава почит на претходните генерации, но им се пренесува и животното наследство, на генерациите што доаѓаат.
Ново на Сител
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата
-
Бизнис форум Македонија - Италија