Џоана: Се радуваме на приемот на Северна Македонија како наш триесетти сојузник во НАТО
Се радуваме на приемот на Северна Македонија како наш триесетти сојузник. Со нетрпение го очекуваме финалниот процес на ратификување во националниот Парламент на една од сојузничките земји. Веќе го подготвивме јарболот и со нетрпение очекуваме убава церемонија за подигнување на знамето на нашиот нов сојузник, изјави Мирчеа Џоана, заменик-генерален секретар на НАТО за романскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Џоана истакнал дека „за НАТО, за ЕУ и за сите нас, Западен Балкан и понатаму останува важен дел од нашите безбедносни интереси“.
– Значи, јасно е дека под број еден, пристапувањето на Северна Македонија, е постигнато преку политика на отворена врата – реално и кредибилно. Под број два, Западен Балкан останува област на интерес за евроатлантската заедница, за НАТО и за Европската унија, кажа заменик-генералниот секретар на НАТО.
Џоана изрази надеж дека „завршувањето на географијата, во најголема можна мерка, на овој важен дел од Европа како дел од Западот ќе биде добро за луѓето од овој регион“.
– Не е тоа само геополитика, туку е и прашање на принцип и вредности. Мислам дека Западен Балкан со векови ја плаќаше цената на историјата и географијата. Сега е време сите ние во регионот да имаме корист преку мирот, безбедноста и просперитетот, кое само НАТО и Европската Унија можат да го понудат.Таков е случајот со државите кои претходно влегоа во НАТО и Европската Унија, како што се Романија, Полска или сите други земји и мислам дека е време Западен Балкан да има корист преку мирот, просперитетот и Евроатлантска интеграција, оцени заменик генералниот секретар на НАТО.
На прашањето дали загрижува блискиот однос на Србија со Москва и Пекинг, Џоана одговори дека „внимателно се следи присуството и влијанието на другите глобални играчи во регионот, вклучително и во Србија“.
– Веќе гледаме дека огромното мнозинство балкански земји се дел од евроатлантските структури и се надеваме дека тоа ќе има позитивно влијание и врз Србија, на нејзината политика и благосостојбата на нејзините граѓани, изјави Џоана.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора