Џет-Сет
21. October 2016 - 10:28

Џо Џонас сними секси фото сесија под туш

Поранешниот член на популарниот бенд „Џонас Брадерс“, а сегашен фонтмен на групата ДЕНС, Џо Џонас снимеи секси фото сесија за списанието „Нотишн“.

Дваесет и седумгодишниот пејач со серијата црно-бели фотографии направени под туш, ги покажа секси мускули и тетоважи и потврди дека повеќе не е дете од фабриката на сониптата на „Дизни“. 

Џо Џонас 2

Џо е познат како редовен член на салите за вежбање, што се гледа и на неговото тело, по кое збудалеа и повеќе славни дами, како Тејлор Свифт, Деми Ловато и Џиџи Хадид, која на крајот го остави по шест месеци врска поради Зајн Малик, со кого се уште е во среќна врска.

Последните гласини за Џо се дека е вљубен во убавата манекенка Џулијан Херц, но пејачот главно мудро молчи кога е во прашање неговиот љубовен живот.

Џо Џонас 3

Инаку, Џо е познат и како „фраерот“ кој ја „откачи“ Тејлор Свифт со телефонски повик во траење од само неколку секунди.