Џинови му помагаат на Ѓулен за да покорува толку многу луѓе, смета градоначалникот на Анкара
Џиновите му помагаат на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен да покорува толку многу луѓе, изјави градоначалникот на Анкара, Малих Ѓокчек за телевизијата Си-Ен-Ен-Турк по обидот за пуч во Турција.
На прашањето како може Ѓулен, кој од турските власти е обвинет дека стои зад обидот за преврат да контролира толку голем број луѓе, градоначалнкот одговори дека „веројатно исламскиот проповедник ги користи џиновите“.
- Може да ви звучам смешно, но тој тоа го прави на невообичаен начин. Ги покорува луѓето преку „оние со трите букви, рече Ѓокчек.
- Познато е дека многу луѓе се покорени, а потоа се спасени. Тој има способност да го прави тоа. Луѓето се хипнотизирани и покорувани, изјави Ѓокчек, кој е градоначалник на Анкара од 1994 година и непоколеблив приврзаник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис