-->
-->
Џина Карано отпуштена од „The Mandalorian“ поради несоодветни објави на социјалните медиуми
-->
Глумицата Џина Карано е отпуштена од ТВ-проектот „The Mandalorian“ (Мандалорец), поради грозни објави на социјалните медиуми, како што соопшти продукциската куќа „Лукасфилм“.
– Џина Карано во овој миг не е вработена во „Лукасфилм“ и немаме планови со неа во иднина. Како и да е, нејзините објави на социјалните мрежи кои ги оцрнуваат луѓето врз основа на нивниот културен и религиозен идентитет се грозни и неприфатливи, изјави гласноговорникот на продукциската компанија за сисанието „Рап“.
Имено, љубопитните истражувачи забележале дека глумицата објавувала свои погледи околу холокаустот, полупропагандни пораки за неносење маски, како лажни вести за изборите во САД.
Карано лани глумеше во седум епизоди од серијата „The Mandalorian“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи