-->
-->
Џими Картер стана „најдолговечен претседател на САД“: Го надживеа и Буш Сениор
-->
Триесет и деветтиот претседател на САД, Џими Картер ја понесе титулата „најдолговечен американски претседател“, откако го надживеа досегашниот „лауреат“, Џорџ Буш Постариот.
Имено, Буш почина кога имаше 94 години и 171 ден, а Картер вчера наполни 94 години и 172 дена.
Картер, кој заедно со неговата сопруга раководат со „Картер Центарот“ што се бори за заштита на човековите права, пред неколку години при гостување на една британска телевизија изјави дека „има за цел да живее подолго од гвинејскиот црв“, за што како што нагласи „смета дека има добри шанси“.
„Гвинејскиот црв“ е паразитска инфекција што ја предизвикува користењето на загадена вода, а „Картер Центарот“ е ангажиран во напорите за целосно искоренување на оваа болест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ