-->
-->
Џихадисти убија петмина египетски полицајци при напад на Синајскиот Полуостров
-->
Најмалку петмина египетски полицајци се убиени во вооружен напад северно од Ариш -главниот град на немирната египетска провинција Синај, јави ДПА, цитирајќи соопштение на Министерството за внатрешни работи на земјата, поставено на нивната страница на Фејсбук.
Меѓу жртвите има и тројца офицери. Други петмина полицајци се повредени во нападот извршен доцна синоќа.
Полициски единици ја опколија областа на нападот и почнаа потрага по напаѓачите.
За претходните слични напади во Синај одговорност преземаше локалниот огранок на „Исламска држава". Екстремистите нагло ја засилија терористичката дејност таму откако војската го собори од власт претседателот исламист Мохамед Мурси, во текот на летото на 2013 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор