Џентилони: Г7 ќе има рамковен договор за заем од 50 милијарди долари за Украина до октомври
Групата седум најиндустриски развиени земји во светот (Г7) најверојатно до октомври ќе има рамковен договор за заем од 50 милијарди долари за Украина, поддржан од запленети руски имоти, изјави европскиот економски комесар Паоло Џентилони.
Зборувајќи со новинари на маргините на состанокот на министрите за финансии на Г-20 и гувернерите на централните банки во Рио де Жанеиро, Џентилони рече дека е постигнат добар напредок во техничките и правните аспекти на заемот, што начелно беше договорен во јуни.
„Мислам дека напредуваме многу добро технички, но и политички.
Само вчера имавме состанок за овој итен заем за Украина“, рече тој, мислејќи на состанокот на министрите од Г7 пред состаноците на Г-20, што се одржа вчера.
Како што наведе, Џентилони е уверен дека договорот ќе биде постигнат до октомври. „До октомври мислам на рамковно.
Потоа, се разбира, до крајот на годината треба да се оди на пазарите, но секоја земја е различна“, рече тој.
Заемот од 50 милијарди долари ќе биде сервисиран од средствата од околу 300 милијарди долари од имотот на руската централна банка замрзнат на Запад откако Москва ја нападна Украина на почетокот на 2022 година.
Иако не постои едногласна поддршка меѓу членките на Г7 за запленување на капиталот од 300 милијарди долари, постои договор дека е законски можно да се извлечат профитите што ги создаваат средствата.
Друг извор од Г7 ги опиша разговорите за планот како „детални и позитивни“, додавајќи дека постои „заеднички оптимизам дека сите преостанати прашања може да се решат“.
Најголем дел од замрзнатите пари, околу 210 милијарди евра, се во Европа. Околу 10 милијарди долари се во САД, 10 милијарди долари во Британија и околу 30 милијарди долари во Јапонија.
Ново на Сител
-
Совет на ЈО: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители
-
Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
-
Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи
-
Вкупно 827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина