Џенифер Греј откри непријатни детали од снимањето на „Валканиот танц“
Актерката Џенифер Греј, ѕвезда на култниот филм „Валакниот танц“, откри како навистина изгледало снимањето на една од најпознатите сцени во историјата на филмот, онаа додека со Патрик Свејзи вежбаат во езерото.
Греј призна дека се заедно воопшто не изгледало толку романтично како на филмот.
- Се сеќавам на пливањето во езерото кое беше многу студено. Мораш навистина да бидеш млад и желен за успех за да влезеш во толку студена вода. Не беше убаво. Се сеќавам дека помислив: „Можеш да умреш ако брадвиците ти експлодираат?“ Ми се чини деке не е здраво да се биде во тоа езеро“, раскажа Греј за „Сандеј Пипл“, откривајќи дека Свејзи поради студената вода имал проблеми со коленото па со потешкотии ја извел сцената каде ја држи над неговата глава.
Снимањетро на финалната сцена на песната „Time Of My Life“ исто така, било проблематично.
- Подот само што беше обоен и чевлите секогаш ни се лепеа, па не можевме да се вртиме. Други луѓе од екипата седеа и не гледаа како се обидуваме да не паднеме на глава, призна таа.
Греј рече дека по излегување на филмот таа не била сигурна дали некој воопшто ќе го гледа, а за тоа намногу била виновна нејзината агентка, која била многу незадоволно од него и тврдела дека е „целосно промашување“.
- Јас мислев дека тоа е крај за мене, но како што се приближуваше премиерата, така некако растеше возбудувањето, призна Греј.
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип