Фудбал
4. March 2018 - 19:11

Џеко напиша историја со по 50 погодоци во три шампионати

Во светот на фудбалот се бележат најразлични статистички рекорди и постигнувања. А последното на Босанскиот интернационалец Един Џеко е посебно и го 

сместува на видно место меѓу најдобрите на планетата.
 
Со двата гола кои ги даде во дербито со Наполи (Рома победи со 4:2), Џеко стигна до бројката од 50 голови во шампионатот на Италија.
Во Бундес лигата во дресот на Волфсбург постигна 66 погодоци а во Англија во Манчестер Сити точно 50.