Кошарка
24. November 2016 - 10:36

Џекиќ замена за Павиќ во таборот на Фени Индустри

Бранислав Џекиќ е замената за Црногорецот Вукота Павиќ, кој поради лични и семејни причини, спогодбено го раскина договорот со Фени Индустри и по четири месеци престој во Кавадарци ќе се врати во Никшиќ.
 
Џекиќ кој веќе тренира со своите нови соиграчи е висок 207 сантиметри, игра на позицијата крилен центар. Со оглед на тоа што веќе настапуваше во екипите на Струмица во сезоната 2013/2014 и за Куманово 2014/2015, и добро ја познава македонската кошарка, се очекува Џекиќ да дебитира веќе в сабота, на натпреварот од второто коло од македонското кошаркарско првенство против екипата на АВ Охрид, кој Фени го игра на домашен терен. 
 
Освен за Струмица и Куманово, во својата кариера 25-годишниот Србин има настапувано и за Партизан, Мега Визура, Златорог Лашко, а во Фени доаѓа од тимот на ОКК Београд.