Кошарка
16. January 2023 - 14:38

Џејмс стана вториот играч во историјата на НБА со 38.000 поени

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс стана само вториот играч во историјата на НБА-лигата кој достигнал 38 000 поени во кариерата.

На средбата со Филаделфија одиграна ноќеска (112:113), Џејмс постигна 35 поени, осум скока и 10 асистенции.

Триесет и осумгодишниот Леброн стигна до 38 024 поени, приближувајќи се до рекордерот во лигата на Карим Абдул-Џабар (38 387).

Џејмс ја мина границата од 38.000 во првата четвртина. По објавата, навивачите на Лејкерс му упатија овации на четирикратниот МВП, а тренер на Филаделфија, Док Риверс, го прегрна кошаркарот.