Џет-Сет
30. September 2015 - 10:01

Џастин Бибер има цел: Да се живее со вера, по примерот на Исус Христос

Канадскиот пејач Џастин Бибер (21) за себе вели дека е голем верник, но не сака тоа да го истакнува, затоа што секогаш погрешно го сфаќаат.

- Не мораш секој ден да одиш во црква и да се фалиш со тоа дека си верник. Знам луѓе кои се одбојни и здодевни, затоа што на сите околу себе со сила им ги наметнуваат своите религиозни ставови. Не сакам да бидам таков. Целта ми е да живеам според примерот на Исус Христос. Немојте погрешно да ме разберете, знам дека никогаш нема да бидам негова модерна верзија, далеку сум од тоа, но барем можам да се трудам да живеам правилно, објасни Џастин во интервју за списанието Комплекс.