-->
-->
Џамех ја напушти власта во Гамбија и замина во егзил
-->
Поранешниот лидер на западноафиканската држава Гамбија, Јахја Џамех заминал од главниот град Банџул откако избрал егзил по симнувањето од власт, јавија западни медиуми повикувајќи се на очевидци и посредници во преговорите со Џамех.
Авторитарниот лидер презеде власт со пуч во 1994 година и се повлече под притисок на голем број африкански држави кои навлегоа во Гамбија за да го присилат да го признае поразот на декемвриските избори од новиот претседател Адам Бероу.
Лидери на западноафрикански држави му дадоа ултиматум на Џамех веднаш да ја напушти функцијата. Сенегалската аармија во четвртокот навечер објави дека регионални сили на ЕКОВАС навлегле во соседна Гамбија во рамки на операција – Враќање на демократијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки