Балкан
14. April 2022 - 16:32

Џамбаски најавува кревање на ветото во мај, Радев предупредува да се почитуваат бугарските позиции

Бугарија се подговува за кревање на ветото. Бугарскиот европратеник открива дека Владата на Петков на 24 мај најверојатно на Советот за општи работи на Унијата ќе даде согласност за старт на преговорите со Македонија и Албанија. Потоа оваа одлука ќе биде потврдена и на јунскиот самит на европските лидери.

Бугарскиот претседател Радев пак вели дека нема промена на државниот став на Бугарија кон македонското прашање.

За Бугарија е исклучително важно да се придржува до националниот рамковен став во својата надворешна политика кон Република Македонија, до декларацијата на Парламентот, до консензусот постигнат од Советодавниот совет за национална безбедност, вели Радев

Бугарската влада засега ниту ги потврдува, ниту ги негира ставовите на Џамбаски. Премиерот Петков минатите денови тврдеше дека двете земји не водат тајни преговори и дека секое постигнато решение ќе мора да добие поддршка и од коалициските партнери и од бугарските пратеници.